Повеќе италијански извори тврдат дека Александар Коларов ќе стане фудбалер на Интер овој викенд, бидејќи договорот со Рома е пред комплетирање.
34-годишниот српски лев бек е поевтина варијанта за Интер од Емерсон Палмиери од Челси, за кого „сините“ бараат барем 25 милиони евра. Коларов пристигна во Рома од Манчестер сити за 5 милиони евра во 2017 година и има договор со „волчицата“ до јуни 2021 година.
Според „Скај спорт Италија“, „Ил темпо“ и други извори, двата клуба веќе се договориле за условите, и ќе се работи само за финансиска трансакција без размена на играчи.
Коларов, кој постигна седум гола во 32 меча минатата сезона, во Рома е навикнат да игра со среден ред од пет играчи пред него, но може да биде и централен бек во одбрана со тројца дефанзивци.