Top Sport

Колекцијата на автомобили на Гризман е во раст (галерија)

Антоан Гризман е една од фудбалските ѕвезди кого го очекува преселба ова лето, а со него сигурно ќе ја понесе и скапата колеција на автомобили – останува да се види дали само од Мадрид до Барселона или ќе мора да организира поголем транспорт.

Иако неговата колекција паѓа во сенка на таа која на пример ја има Кристијано Роналдо, сепак, проценката е дека тој има над милион и пол евра во подвижен имот.

Во неговат аколекција е Мекларен 675ЛТ, супер-автомобил, кој забрзува од 0-100 км/ч за само 2.9 секунди, а цената е околу 350.000 евра. Како и многу фудбалери и Французинот има Ролс Ројс, овојпат моделот Wraith (со цена од околу 320.000 евра) и за разлика од спортскиот Мекларен, тука е поприсутен англискиот стил и елеганција. Покрај ова, Гризман има Масерати Грантуризмо МЦ, Ферари Ф12 Берлинета (најбрзиот автомобил во колекцијата), но и Фолскваген пасат, кој го добива од својот спонзор и кој со 20.000 евра е најевтината машина во гаражата.

Scroll to Top