Top Sport

Колекционери бидете подготвени за албумот на Панини

Светското првенство во фудбал ќе започне за точно 100 дена со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија, што ќе се одигра на стадионот „Лужники“ во Москва.

Фудбалските фанови со нетрпение го очекувата почетокот на Светското првенство, а голем дел од нив се нетрпеливи со уште една работа која е поврзана со Мундијалот.

Имено, на 22.март во Европа и најголем дел од светот во продажба ќе се најде албумот на Панини, објави компанијата од Модена. Среќници се Американците, бидејќи на нивниот пазар албумот ќе се појави една недела претходно.

Албумот ќе има 80 страни, а колекционерите ќе мора да соберат 650 сликички, 50 од нив ќе бидат „златни“.

И за овој албум Панини ја нуди опцијата за оние кои немаат доволно нерви, кога ќе останат на малку сликички, истите да ги нарачаат.

Scroll to Top