Шпанските медиуми открил детали за паричните казни со кои Реал Мадрид ги „дисциплинира“ своите членови. „АС“, повикувајќи се на телевизијата „Кватро“, објави дека фудбалерите на „кралскиот клуб“ биле должни секогаш да платат парична казна кога ќе ја прекршат клупската дисциплина.
Фудбалерите требало секогаш во тренинг-кампот да бидат 45 минути пред почетокот на тренингот. Доколку задоцнат пет минути плаќале 250 евра казна. Доколку фудбалер без причина не се појави на тренинг казната била 3.000 евра.
Фудбалерите се казнуваат и доколку користат телефон на работното место. Тие не смеат да ги користат мобилните телефони кога се на масажа, во соблекувалната и во клупскиот автобус. Казните за овие прекршоци се движат од 250 до 1.000 евра.
Казни се пропишани за вишокот килограми.
Се наведува дека секој претставник на клубот мора да добие дозвола пред да се согласи на интервју или на било какво појавување во јавноста.