Top Sport

„Колтовите“ се прошетаа низ Франкфурт (Видео)

Борусија Менхенгладбах забележа сигурна победа над Ајнтрахт во Франкфурт (3:1) во последниот меч од саботната програма во Бундеслигата. Со оваа победа екипата од Менхенгладбах го прескона Лајпциг на табелата, сега е на третото место со 52 бода. Ајнтрахт останаа на 13 место, тимот од Франкфурт има 28 поени.

Натпреварот во Франкфурт „колтовите“ го решија во воедните седум минути. Резултатот го отвори Плеа со голот во 37 секунда, а на 2:0 зголеми Тирам во седмата. Играчите од Менхенгалдбах го контролираа мечот, а сите дилеми околу победникот ги разреши Бенсабиани во 72 минута кога реализираше пенал.

Честа на Ајнтрахт ја спаси Португалецот Силва. Тој го постави конечниот резултат во 83 минута.

Scroll to Top