Херојот на Баерн Минхен Кингсли Коман говорел за можноста да се врати во ПСЖ. Коман на 23 август во Лисабон го постигна единствениот гол против ПСЖ на Баерн му ја донесе шестата европска круна.
Коман кариерата ја започна во ПСЖ, меѓутоа откако не доби шанса во првиот тим ан „светците“ најпрвин се пресели во Јувентус, а потоа во Баерн.
„Додека е Нејмар во ПСЖ не постои можност да се вратам таму. ПСЖ не се дел од моите планови. Сепак, во нозете имам уште осум до десет врвни сезони, така што не можам да тврдам дека некогаш не би се вратил. Во главата ги имам сликите од детството. Имам убави сеќавања од периодот во ПСЖ“, рекол Коман.
„ПСЖ секогаш ќе биде мојот најдраг клуб. Но донесов исправна одлука кога решив да заминам. Можеби да не заминев немаше да ја освојам Лигата на шампионите“, заклучил Коман.