Филип Дујмовиќ голманот на Спартак од Суботица со неверојатен кикс го обележа натпреварот против Јавор, одигран во рамките на 24 коло во Суперлигата на Србија.
При резултат 0:0, во 21 минута, Дујмовиќ излета од својот шеснаесетник со намера да избие една топка, меѓутоа несмасно реагираше па топката ја испрат зад својот грб, потоа се обиде да интервенира со глава, но ја промаши топката, таа стигна до домашниот играч Луковиќ кој постигна гол за 1:0.
Комичната ситуација на снимката започнува од 40 секунда.