Top Sport

Компани: Дербито на Манчестер е „најважниот натпревар на светот“

Капитенот на Манчестер сити, Винсен Компани верува дека дербито со Манчестер јунајтед е „најголемиот меч“ оваа сезона и вели дека би мислел исто дури и да не се вклучени во борбата за титулата.

Сити би можеле да направат предност од 11 поени пред второпласираните Јунајтед со победа на „Олд Трафорд“ во недела, но Компани, кој постигна гол за победа на Сити во дербито во 2012 (сезона во која ја освоија титулата), вели дека дербито е повеќе од обични поени на табелата.

„Обично правам пауза пред медиумите кога е дерби, бидејќи сезоната веќе не е важна, сè е околу дербито. Менаџерите и играчите сакаат да го намалат значењето на притисокот, но мене не ми е грижа, бидејќи лажат. Дербито е најважниот натпревар на светот за мене. Не е важно во која позиција сме, дали ни е потребен поен, три поени… Најважно е да си заминеме со високо кренати глави“, вели 31-годишниот Белгиец во интервју за „Скај спортс“.

Сити лани победија со 2:1 на „Олд Трафорд“, пред да одиграат 0:0 на „Етихад“. Компани прифаќа зошто дел од играчите сакаат да го намалат притисокот пред дербито.

„Мислам дека е природно да ги поставиш очекувањата пониско, бидејќи е полесно да се ракува со притисокот, но мене тоа не ми пречи. Уживам најмногу од сите и немам проблем да кажам дека тоа е поважен натпревар од другите. Другите нека се преправаат“, додава Компани.

Scroll to Top