Top Sport

Компани ги караше сопствените навивачи (видео)

Легендата на Андерлехт и на Манчестер сити, Винсен Компани влезе во остра расправија со сопствените навивачи во неделата, откако тие фрлија факел кон голманот на Клуб Бриж, Симон Мињоле во лутото белгиско дерби.

Поранешниот голман на Ливерпул, Мињоле имаше незгодна средба со еден факел фрлен блиску до него, по што Компани истрча и им зборуваше на навивачите застанувајќи во одбрана на својот белгиски сонародник.

Андерлехт поведоа со 1:0, но на крајот загубија со 1:2. 33-годишниот Компани беше фудбалер и менаџер на Андерлехт, но се откажа од тренерската позиција по најлошиот старт на една сезона во 21 година. Андерлехт, историски најуспешниот белгиски тим во моментов се само деветти во белгиската лига.

Scroll to Top