Top Sport

Компани го брани сонародникот: Уште има магија во нозете на Еден Азар

Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид можеби е еден од најкатастрофалните во историјата на кралскиот клуб, но неговиот белгиски сонародник, Винсен Компани верува дека уште има магија во неговите нозе.

Реал платија 100 милиони евра да го добијат Азар од Челси во текот на летото 2019 со репутација на еден од најталентираните и најмоќните напаѓачи на светот, но 32-годишниот Азар во четири сезони во Шпанија има само седум гола и во моментов ретко добива шанса од тренерот Карло Анчелоти. Подолго време се зборува за негово заминување од Мадрид, но Компани, поранешниот капитен на Манчестер сити, а сега менаџер на англискиот Барнли вели дека Азар заслужува шанса.

„Да се зборува за крај на кариерата е навистина прерано. Најважното е што тој имаше повреди и ситуацијата се повреди. Морате да го почитувате фактот дека никој не може да ги контролира повредите. Тој мораше да се справи со тоа и понекогаш е тешко да се вратиш. Освен тоа, тој секогаш беше фудбалер кој ни даваше одлични моменти, кој не правеше горд да ја поддржуваме Белгија. Исто така тој не се предава и мислам дека ќе го покаже тоа. Има уште магија во неговите нозе и се надевам дека повторно ќе ја видиме“, вели Компани.

Scroll to Top