Top Sport

„Компани мисли дека е Бог“

Винсент Компани летово се врати во Андерлехт, ја преседе улогата на играч-тренер. Со Компани славниот белгиски тим го има најлошиот старт во првенството во последните 20 години, тимот се наоѓа на 13 место на табелата, а Компани е изложен на жестоки критики.

„Компани е виновникот за лошите резултати“, смета легендарниот напаѓач на овој тим Марк Дегривс.

„Тој мисли дека е Бог. Тренерите ги користат репрезентативните паузи за да работат со играчите, а тој тогаш ќе биде со репрезентацијата за натпреварите со Сан Марино и Шкотска. Потоа ќе оди во Манчестер каде што ќе се игра натпревар во негова чест. Знам дека поединци сакаат да имаат многу работа, но често се случува самите да се затрупаат со обврски“.

„Доколку некој играч играше на начин на кој што играше тој, веројатно би го исфрлил од тимот за наредниот меч. Не мислам дека треба да престане да игра, но доколку како тренер е искрен тогаш сигурно не може да биде задоволен со своите игри“, заклучил Дегривс.

Компани летово го напушти Манчестер сити по 11 години и реши да се врати во клубот каде што ја започна богатата кариера.

Scroll to Top