Top Sport

Компанијата Најки го носи Нејмар во Реал!?

Нејмар, на почетокот на месецот ја скрши метатарзалната коска во стапалото. Тој нема да игра до крајот на сезоната. Замина на операција во Бразил, а наводно на пријателите им порачал дека нема намера да се враќа во Париз.

Трансферот во ПСЖ, не ги исполнил неговите очекувањата. Се надевал дека ќе биде обожуван од навивачите, дека лигата ќе биде поконкурентна и дека ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Откако не се случи ништо од ова тој наводоно порачал дека нема намера да игр за клубот што во август издвои 222 милиони евра за неговиот трансфер.

Свесни се и во ПСЖ дека не можат да го задржат Нејмар, доколку тој сака да го напушти клубот, дури и да му ја зголемат платата на 30 милиони евра годишно. Она што им е јасно на сите во Париз е дека нема многу клубови што се пдоготвени да платат 400 милиони евра за Нејмар.

Бразилецот се поврзува со мадридски Реал, но сумата која ја бара ПСЖ е преголема дури и за „кралскиот клуб“. Во прикзната околу трансферот во Мадрид би се вклучила компанијата „Најки“, пишува мадридскиот весник „АС“.

„Најки“ и „Адидас“ години наназад водат жестотки битки на спортскиот пазар, Барселона и Манчестер Сити ги облекува „Најки“, а Манчестер Јунајтед и Реал ривалската компанија „Адидас“.

Весникот пишува дека „Најки“ му понудил на Реал да плати дел од трансферот на Нејмар, но само доколку актуелниот европски првак го раскине договорот со „Адидас“.

Германската компанија уште минатата година подготвила нов договор за продолжување на соработката со Реал, кој Флорентино Перез го одбил, наводно поради понудата од „Најки“ и можноста Нејмар да се пресели во Мадрид.

Реал има договор со „Адидас“ до 2019 година, според кој по сезона заработува 40 милиони евра. За споредба истата комапнија на Манчестер Јунајтед му плаќа 90 милиони евра, додека Барселона од „Најки“ добива 105 милиони евра.

Нејмар има долгогодишен договор со „Најки“ и доколку тој се пресели во Мадрид, а Реал раскине со „Адидас“, тогаш на компанијата ќе привлече повеќе од 200 милиони Бразилци кај кои Нејмар има статус на божество.

Scroll to Top