Top Sport

Компјутерот на ФИФА прогнозира, Франција ќе го освои СП

Светската фудбалска федерација (ФИФА) со помош ма компјутер и вештачка интелигенција направила симулација на претстојното Светско првенство во Русија. Конечниот резултат вели дека Франција ќе ја освои титулата, додека од репрезентациите од регионот Хрватска ќе стигне до четврт-финалето, а Србија нема да ја мине групата.

Според компјутерот, Франција во финалето ќе ја победи Германија по изведувањето на пенали, откако по 120 минути игра резултатот ќе биде 1-1.

Претходно „триколорите“, во полу-финалето со 2-1 ќе ја совладаат Белгија, а Германија со 3-1 ќе слави против Шпанија. Третото место ќе и припадне на Шпанија, предвидува компјутерот. Шпанците со 2-1 би ја совладале Белгија во „малото финале“.

Scroll to Top