Гремио од Порто Алегре со освојувањето на титулата во Копа Либертадорес ја комплетира листата на екипи кои ќе учествуваат на 14.Светско првенство за клубови кое го организира ФИФА. Познат е костурот на турнирот кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.
Титулата ја брани мадридски Реал, кој има шнси да стане првиот тим кој ќе ја одбрани титулата во ова натпреварување на ФИФА. Последен тим кој ја одбранил титулата е Сао Паоло во 1993 година, но тогаш ФИФА не беше организатор и се играше само еден натпревар понежу шампионите на Европа и Јужна Америка.
Најголем ривал за титулата на Реал ќе му биде Гремио, тим кој во 1983 година со победата над Хамбургер го освои Интерконтинеталниот куп. Гремио ќе сака да го врати приматот во Бразил, бидејќи последен пат бразилски клуб ја освоил титулата во 2012 година кога Коринтијанс во финалето го победи Челси.
Светското првенство за клубови ќе започне на 6.декември со натпреварот помеѓу Ал Џазира и Окленд Сити, а победникот од овој меч во четврт-финалето ќе игра потив шампионот на Азија, Урава. Во овој дел од костурот се наоѓа мадридски Реал.
Гремио во полу-финалето ќе го чека победникот од натпреварот помеѓу шампионите на Африка и КОНКАКАФ, Видад Казабланка и Пачука.
Финалниот натпревар на ФИФА Мундијалот за клубови ќе се одржи на 16.декември.