Top Sport

Кому му е потребен Лукаку? Хаверц носи рано водство за Челси против Лил

Откако Јуве стигна до експресно водство на гости кај Вилјареал, европскиот шампион Челси одговори на „Стемфорд Бриџ“ со свој брз гол за 1:0 водство против францускиот шампион Лил.

Томас Тухел реши да го остави Ромелу Лукаку на клупата откако на претходниот меч со Кристал Палас имаше само седум допири на топката, но квалитетот на Челси е дефинитивно огромен и без него – по корнерот на  Хаким Зијеш во 8. минута, херојот од минатогодишното финале, Каи Хаверц донесе водство за „сините“.

Scroll to Top