Ливерпул направи уште еден голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони, откако Ибрахима Конате ги донесе „црвените“ до 1:0 водство во 21. минута од мечот против Бенфика, откако во првиот меч на гости победија со 3:1.
Интересно, ова е втор гол на Конате во дресот на Ливерпул, и повторно е „жртва“ Бенфика – тој беше еден од стрелците на првиот меч во Лисабон.
На „Ванда Метрополитано“, пак, Атлетико Мадрид и Манчестер сити ја продолжуваат „шаховската“ игра – останува 0:0 и покрај тоа што Сити имаат над 60 отсто од поседот на топката. Сити има 1:0 предност од првиот меч.
?!Cabezazo y adentro!
?⚽️Aparece Ibrahima Konate a los 21´PT para poner en ventaja al #Liverpool.#Liverpool 4 – 1 #Benficapic.twitter.com/skn7mttIGX
— SoloQuieroOpinar. (@SQ_Opinar) April 13, 2022