Top Sport

Конате пак им даде гол на Бенфика – Ливерпул рутински кон полуфинале

Ливерпул направи уште еден голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони, откако Ибрахима Конате ги донесе „црвените“ до 1:0 водство во 21. минута од мечот против Бенфика, откако во првиот меч на гости победија со 3:1.

Интересно, ова е втор гол на Конате во дресот на Ливерпул, и повторно е „жртва“ Бенфика – тој беше еден од стрелците на првиот меч во Лисабон.

На „Ванда Метрополитано“, пак, Атлетико Мадрид и Манчестер сити ја продолжуваат „шаховската“ игра – останува 0:0  и покрај тоа што Сити имаат над 60 отсто од поседот на топката. Сити има 1:0 предност од првиот меч.

Scroll to Top