Порто, со лудиот пресврт во Есторил, ја презеде лидерската позиција во шампионатот на Португалија. Порто победи со 3:2 и го искористи киксон на Спортинг, кој со истиот резултат доживеа пораз од Санта Клара.
На стадионот во Есторил, Порто направија луд пресврт за победа. „Змејовите“ губеа по првиот дел со 2:0, а во второто полувреме направија пресврт со головите на Туареми во 49., Луис Дијаз во 84. и синот на тренерот Сержо Консеисао, Франсиско во 89.минута.
19-годишниот Франсиско, на теренот влезе во 87.минута, а две минути подоцна ја искористи асистенцијата на Дијас и погоди за победа.
Франсиско емотивно го прослави голот, а по завршувањето на натпреварот славеше во прегратките на својот татко.
LINDO LINDO LINDO pic.twitter.com/nDdZ3hvjuF
— Francisco Conceição Da Depre 1️⃣0️⃣ (@Chico_Da_Depre) January 8, 2022