Тренерот на Порто, Сержо Консеисао сигурно не е еден од најомилените луѓе кај навивачите на Рома пред пресметката во Лигата на шампионите, и на прес-конференцијата пред вечерашниот осминафинален дуел не заборави да потсети дека „Франческо Тоти не ме сака бидејќи шест пати ги победував“.
Консеисао беше дел од славната генерација на Лацио која ја освои титулата во 2000 година, а минатата сезона како тренер ги предводеше Порто до националната титула.
„Го знам овој град многу добро, но без разлика на моето минато како фудбалер, фокусиран сум на натпреварот. Среќни сме што ги добивме Рома, но верувам дека и Рома се среќни што не добија нас. Ќе играме за резултат и сакаме четврт-финале. Тоти можеби не ме сака бидејќи тука победував шест пати едноподруго. Јас немам посебни чувства, единственото е тоа што го носам грбот на Порто на градите. Ќе биде многу интересно, а ме возбудува тоа што се враќам во Рим и ги враќам назад спомените кои ги поминав со фановите на Лацио“, вели Консеисао.
Фото: ЕПА