Top Sport

Конте бара неговите Тотенхем да „најдат решение“

Антонио Конте признава дека е исфрустриран што неговите Тотенхем по деветти пат оваа сезона први примаат гол и покрај камбекот за 2:2 реми со Брентфорд, велејќи дека тимот едноставно мора да „најде решение“. Грешките во одбраната придонесоа Брентфорд да дојде до 2:0 водство, пред со головите на Пјер-Емил Хојбјерг и Хери Кејн да се обезбеди поен.

„Од една страна треба да сум задоволен од начинот на кој игравме во второто полувреме, со енергија, желба и посветеност.. Но, од друга страна ова е деветти пат по ред први да примаме гол. Важно е да имаме стабилен тим, но кога примате гол или два гола толку бргу, морате да најдете решение. Сакам да ги пофалам моите играчи, но исто така да им порачам дека мораа да победат денеска“, вели Конте.

Покрај тоа што први примаат гол во последните девет меча, Тотенхем имаат примено два или повеќе голови во последните шест меча. Тие ја продолжуваат сезоната со дуел со Астон вила на 1 јануари.

Scroll to Top