Top Sport

Конте бесен на италијанските новинари: Само сеете омраза

Антонио Конте го обвини италијанскиот печат дека „сее омраза и незадоволство“ пред утрешниот дуел на Интер со Лацио.

Интер се среќаваат со лутите ривали Јувентус во „Дерби д’Италија“ на 6 октомври и веќе имаше написи во кои се тврдеше дека Конте ќе добие непријателски пречек од фановите на Јуве, но и од својот поранешен клуб.

„Веќе прочитав дел од написите кои зборуваат за мечот со Јувентус каде што наводно ќе бидам послужен со навреди. Шокиран сум од тоа бидејќи кој и да го пишува тоа треба да има малку совест и да сфати дека тоа е провокација до читателот. Да бев уредник на весникот, ќе го шутнев во задникот. Кој пишува и комуницира на таков начин има поголема одговорност бидејќи сè се пренесува преку социјалните мрежи и само се сее омраза и незадоволство. Навистина ми пречи тоа што некој сака да ме навредуваат во тек на меч“, вели Конте.

Scroll to Top