Top Sport

Конте: Челси не смее да дозволи да замине некој нов Салах или Де Бројне

Менаџерот на Челси, Антонио Конте го предупреди својот клуб дека мора да внимава на трансфер-политиката во иднина за да не дозволи врвни играчи како Мохамед Салах и Кевин де Бројне да си заминат од „Стемфорд бриџ“.

Двајцата фантастични фудбалери играа кај „Сините“ во одреден дел од нивната кариера, но откако не успеаја да добијат место во тимот, беа продадени. Двајцата не отидоа директно кај ривалите од Премиер лигата, но откако заминаа во Европа, се вратија во Англија.

„Мораме да имаме таленти како Салах и Де Бројне кои ќе останат во клубот. Мислам дека клубот треба да прави вистинска проценка на играчите. Има структура која треба да ги направи вистинските одлуки околу трансфер политиката“, вели Конте.

Челси се соочуваат со борба за место во Лигата на шампионите, и да го направат тоа мораат да ги победат Ливерпул денеска.

Scroll to Top