Поранешниот тренер на Интер (и на Челси), Антонио Конте вели дека Челси не знаат како да го извлечат најдоброто од Ромелу Лукаку, откако под него тој минатата сезона постигна 24 гола во 34 настапи во Серија А.
Кога го донесе од Манчестер јунајтед, Конте го нарече Лукаку „неизбрусен дијамант“, и сега вели дека е многу подобар играч.
„Тренерот е добар ако може да ги подобри своите играчи. Мислам дека завршивме одлична работа со Ромелу последните две години. Тој е многу специфичен напаѓач. Да се внесе Лукаку во шестнаесетникот е многу опасно. Но, кога стартува од средината, тој е брз. Не знам друг таков напаѓач на светот, освен можеби Ерлинг Халанд. Јас го следев Лукаку и го сакав додека бев во Челси, а тој играше во Вест Бромвич Албион. Со него треба посебна тактика, како напаѓач кој оди да бара противнички дефанзивец и потоа се лепи до него, како што се користи во кошарката. Ако го држите надвор од шестнаесетникот, тој ќе ве убие со брзината, ако е во шестнаесетникот, ќе те убие со силата. Не сум сигурен дека Челси знаат како да го користат вистински. Ако успеат во тоа тогаш се фаворити во ЛШ“, вели Конте за „Скај спорт Италија“.