Top Sport

Конте: Челси нека мислат дали ќе останам

Антонио Конте уште еднаш потврди дека не знае дали ќе остане тренер на Челси и следната сезона, но додаде дека неговата иднина е „проблем на клубот“, а не негов личен проблем.

Челси се на пет поени зад четвртопласираниот Тотенхем пред неделното дерби против лондонските ривали, и мора да победи ако сака место во Лигата на шампионите, иако „Сините“ се во игра и во ФА купот.

„Не знам, да бидам искрен каков е планот. Но, тоа не е мој проблем, туку на клубот. Мислам дека е поедноставно еден фудбалер да ја знае својата иднина, за разлика од менаџерите. За нас, можеш да имаш договор, но не знаеш што ќе се случи по два меча. Лани бевме многу добри и ја освоивме лигата по 10. место претходната сезона, додека оваа сезона целта е да се биде во Лигата на шампионите. Секогаш ја имаш сезоната која ја заслужуваш“, вели Конте.

Фото: ЕПА

Scroll to Top