Top Sport

Конте и Челси стратегијата за Ливерпул ја „коваа“ во авион

Антонио Конте помина бессона ноќ иако Челси се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако италијанскиот менаџер го искористи петиполчасовниот лет од Баку до Лондон да се подготвува за гостувањето во Ливерпул во сабота.

Со убедливата 4:0 победа над 10-члениот Карабаг, Челси си обезбеди европски настап и по зимската пауза, но тоа значи дека тимот ќе има само една тренинг сесија во петок пред натпреварот на „Енфилд“. Конте призна дека летот до аеродромот Гетвик ќе го искористи за планирање – тренерскиот тим веќе го гледаше 3:3 ремито на Ливерпул против Севилја.

„Мораме да работиме во текот на летот за да пристигнеме подготвени во Ливерпул. Да се има само еден ден одмор и подготовки за таков натпревар не е лесно, а не е ниту исправно. Англиската лига е многу тешка. Има шест тимови кои се борат за титулата“, изјави Конте, кој најави дека ќе има кратко загревање во центарот Кобем во четврток попладне.

Scroll to Top