Антонио Конте реши да го остави на трибините бразилскиот дефанзивец Давид Луиз додека не научи да се сложува со своите тимски колеги, одлука која може да го чини местото на клупата на Челси.
Луиз не беше во составот на тимот, откако Конте реши да го постави 22-годишниот Андреас Кристенсен во бековската линија, а на клупата го имаше само 17-годишниот Итан Ампаду. Конте вели дека паузата може да биде подолга. Шпекулациите велат дека имало конфликт на тренингот во саботата, во кој главна улога имал Бразилецот.
„Кристијан има 22 години, но покажа одличен карактер и во моментов тој е сегашноста и иднината на Челси. Истото се однесува и за Ампаду. Давид Луиз мора да работи со другите ако сака да заслужи да игра, инаку ќе биде на клупата или на трибините“, изјави самоуверено Конте.
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега коментатор на „Скај“, Гери Невил вели дека историјата покажува дека Конте така може да ја загуби работата. Џон Тери беше сменет на полувремето при тешкиот пораз од Манчестер сити во 2015 од Жозе Мурињо, што го чинеше Португалецот местото во тимот.
Widespread reports: David Luiz has been dropped for Chelsea. He’s arrived not wearing club gear (via @SFR_Sport) pic.twitter.com/M1qbHDGcPt
— 101 Great Goals (@101greatgoals) November 5, 2017
„Секој менаџер кој влегува во конфликт со играчите си заминува многу бргу. Тоа беше голема одлука од Конте бидејќи Давид Луиз има влијание во соблекувалната и може да загубите многу. Ова не е крајот, ова е само почетокот. Конте победи денеска, но за две-три недели кога Давид Луиз ќе биде на клупата, при секое примање гол, камерата ќе го покажува него. Истото беше и со Тери“, вели Невил.