Антонио Конте ги предупреди своите играчи и навивачите на Интер дека совршениот старт на сезоната не значи ништо, предупредувајќи дека веќе утре можат да паднат во „стапицата“ Сампдорија.
Конте, засега, ги исполни големите очекувања при враќањето во италијанскиот фудбал, победувајќи во првите пет кола за прво место на табелата, но вели дека „добрите коњи се тие кои први ја поминуваат целта“.
„Ние уште не сме фаворити, Јуве и Наполи се пред нас. Една или две победи нема да го сменат моето мислење: Добрите коњи се тие кои први ја поминуваат целта. Јас не сум првиот тренер кој победил на своите први пет меча тука. Има можности да бидеме многу подобри и тоа е мојата работа. Имаме пат пред нас, но не постои магично стапче. Тргнавме и сега да видиме колку можеме да сме брзи. Овој тим пред две години беше прв во декември, не во септември, а потоа мораа да победат во последниот меч против Лацио за пласман во Лигата на шампионите. Тоа треба да ни биде предупредување“, вели Конте.