Top Sport

Конте: Го натеравме Шахтјор да изгледа како просечен тим!

Предводникот на милански Интер, Антонио Конте по синоќешниот триумф на својата екипа со 5-0 во полуфиналето од ЛЕ против украински Шахтјор од Доњецк вели дека неговите играчи направиле противничкиот тим да изгледа како просечна екипа.

„Мислам дека до финалето стигнавме играјќи против екипа која ја натеравме да изгледа како помалку силна од што впрочем е. Шахтјор има многу таленти и ги запревме играјќи пресинг по цел терен. Тоа беше сјајна претстава. Го натерваме Шахтјор да изгледа како просечен тим“ – рече Конте.

Интер е прв италијански клуб кој изборил финале во Лига Европа (поранешен Куп на УЕФА) по Парма во 1999 година.
Ривал во борбата за трофејот на „нероазурите“ ќе биде Севилја.

„Севилја има огромно искуство, но имаме ентузијазам, глад и желба за да ги воодушевиме луѓето. Сега треба да се одмориме. Се надевам дека навивачите ќе бидат горди на овие момци, затоа што даваат и срце и душа“ рече Конте.

Scroll to Top