Италијанскиот тренер Антонио Конте ја отфрлил можноста да го преземе Реал Мадрид, бидејќи не му се допаѓал клупскиот проект, објави „Скај“. Речиси еден месец, светските медиуми шпекулираа дека Конте е единствениот кандидат за тренерската функција во Реал.
Реал, во понеделникот, остана без тренер, откако бордот на директори му врачи отказ на Хулен Лопетеги. Барем засега привремен избор е тренерот на младинскиот тим, Сантијаго Солари. Според правилата на шпанската лига, Солари како провремен тренер може да го предводи тимот два недели, период во кој клубот ќе мора да именува нов тренер.
Конте, без работа е од јули, кога доби отказ во Челси, а би можел да се врати на работните обврски во текот на сезоната само доколку заинтересираниот клуб има вистински проект.
Според „Скај“, Италијанецот бил заинтересиран да го преземе Реал, но не му се допаднал клупскиот проект, поради што ја одбил понудата на Флорентино Перез.