Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте беше еден од првите менаџери во Премиерлигата кои ја коментираа веста дека Ерик Тен Хаг од следната сезона ќе биде прв човек на Манчестер јунајтед, откако токму Италијанецот беше еден од фаворитите за ова место во текот на 2022.
„Оваа сезона Јунајтед го подобрија тимот со Рафаел Варан, Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо. Чудно е бидејќи лани беа втори и го подобрија тимот. Тоа што им оди лошо покажува дека не е лесно, посебно во Англија. Многу тимови мораат да внимаваат, бидејќи ако спиете, ќе завршите во зоната за испаѓање или надвор од Европа. Кога си во Манчестер јунајтед притисокот е огромен. Мораш да се бориш за трофеи. Не е лесно бидејќи и други тимови сакааат да го остварат истото“, вели Конте.
? “It’s not so easy in England.”
Antonio Conte says Manchester United improved their squad with Varane, Sancho and Cristiano Ronaldo but they got worse. pic.twitter.com/hsvtLynL2P
— Football Daily (@footballdaily) April 21, 2022