Интер, спротитвно на сите прогнози, не успеа да ја мине Б-групата во Лигата на шампионите. На крајот клучни за елиминацијата се покажаа двата натпревари со Шахтјор. Натпреварите на двата тима во Украина и Италија завршија без голови.
Тренерот на Интер, Антонио Конте, на новинарите им рекол дека виновници за елиминацијата на Интер се голманот на Шахтјор и судиите.
„Дадовме сè од себе. Во 180 минути доминиравме пртив Шахтјор, не ми е јасно како не успеавме да постигнеме гол. Тоа е неверојатно. Во двата натпревари нивниот голман беше најдобар играч на теренот. Сега кога сме елиминирани можам да кажам и дека судиите не ен почитуваа доволно. Имаше ситуации кога судеа против нас“, рекол тренерот на Интер, чија иднина во клубот, по елиминацијата од ЛШ е неизвесна.