Top Sport

Конте и Тотенхем во „лов“ на Николо Ѕаниоло

Откако не се случи најавениот трансфер во Јувентус, Тотенхем на Антонио Конте се сериозно заинтересирани за ѕвездата на Рома, Николо Ѕаниоло, тврдат италијанските и англиските медиуми.

Иднината на младиот фудбалер е неизвесна цело лето, откако наводно неговиот агент баарал трансфер, додека Рома се подготвени за зделка ако добијат понуда од над 50 милиони евра. Јувентус и Милан беа први фаворити за неговиот потпис, но двата клуба веќе се фокусираат на други фублери, и сега Тотенхем се покажуваат како најсигурна опција.

23-годишниот Ѕаниоло може да игра на повеќе позиции на теренот – на левото крило, но и како напаѓач, а ги надмина двете сериозни повреди на коленото за да има одлична сезона 2021/22 и да го постигне победничкиот гол за титулата од Конференциската Лига Европа. Тој има договор со Рома до 2024 година.

Scroll to Top