Top Sport

Конте им донесе титула во Челси, па ги „одра“ на суд!

Италијанскиот фудбалски тренер, Антонио Конте успеа да го совлада својот поранешен тим, лондонски Челси надвор од теренот.

Италијанецот ги тужеше „сините“ поради непристојниот отказ и ја доби судската парница. Сега Челси мора да му плати отштета од 85.206 фунти, или околу 99.000 евра.

Се работи за таканаречено правно задоволување на Конте, иако актуелниот тренер на милански Интер за многу поголеми пари го напушти лондоснкиот клуб.

Целокупниот стручен штаб си отиде од Челси за отштета од 31 милиони евра, што е најскапото „раскинување“ на еден тренер со клуб во историјата на фудбалот во Англија.

Конте со Челси ја освои Премиерлигата во сезоната 2017/17, а една година подоцна триумфираше во ФА купот.

Scroll to Top