Top Sport

Конте: Имаме толку повредени, што можеби јас ќе треба да играм

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте на шега вели дека можеби тој ќе мора да влезе во игра поради кризата со повреди во неговиот тим. Конте потврди дека Дејан Кулушевски го очекува подолга пауза поради повредата на бутниот мускул, а во аут се и Ришарлисон поради повреда на потколеницата, како и Лукас Моура.

„Во моментов, здрави се Кејн и Сон! Се надевам дека ќе остане така, бидејќи во спротивност ќе треба да размислам да ги облечам моите копачки“, вели Конте пред саботниот меч со Њукасл.

Кулушевски, кој стана клучен играч на Тотенхем под Конте, ги пропушти последните шест натпревари по повредата додека играше за Шведска, и бил блиску до враќање, пред да му се врати повредата.

Тотенхем се трети на табелата со 23 поени, колку што имаат и Манчестер сити, и четири зад лидерот Арсенал, откако загубија со 2:0 од Манчестер јунајтед во средата. Њукасл се на пет поени зад Спарс на шестото место, но се во серија од шест меча без пораз.

„Мораме да сметаме на Њукасл како на опасен тим за првото место, за местото во Лигата на шампионите. Имаат потенцијал да станат еден од најдобрите тимови во Англија“, вели Конте.

Scroll to Top