Антонио Конте, за италијанските медиуми открил дека од неколкуте понуди што ги добил за работа ја одбил онаа што пристигнала од екипата на Рома.
Конте ја пропушти тековната сезона, откако во јули доби отказ во Челси, а потоа водеше судски спор против поранешниот клуб.
Наредната сезона Конте ќе и се врати на тренерската работа. Самиот рекол дека веројатно ќе работи во Италија.
Иако имал неколку состаноци се претставници на Рома, тој решил да ја одбие оваа понуда.
„Имам неколку понуди, важно ми е заинтересираните клубови да знаат каков стил на игра форсирам и каков е мојот пристап кон работата. Се вљубив во Рим додека бев селектор на Италија, тогаш често бев на „Олимпико“. Тој стадион пружа неверојатна атмосфера, но во овој момент помеѓу мене и Рома нема ништо. Јас верувам дека еден ден ќе ја тренирам Рома, но тој ден се уште не дошол“, изјавил Конте за „Газета дело Спорт“.