Top Sport

Конте: Јас освоив титула во првата сезона во Англија, за разлика од Клоп и Гвардиола

Антонио Конте вели дека е задоволен со оствареното на клупата на Челси, посочувајќи дека во првата сезона на чело на клубот од Лондон ја освои титулата од Премиер лигата, за разлика на Јирген Клоп (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити).

50-годишниот Конте пристигна на „Стемфорд бриџ“ во 2016 година по успешната работа со италијанската репрезентација и Јувентус, и навистина триумфираше во првата сезона со „сините“. Меѓутоа, сезоната 2017/18 не беше најдобра за Челси, иако може да се посочи дека ја завршија со трофеј од ФА купот.

За разлика од него, Гвардиола првата сезона во Англија ја заврши без трофеј, додека Јирген Клоп не донесе трофеј на „Енфилд“ во првите две сезони, губејќи три големи финалиња, вклучувајќи и финале на ЛШ против Реал Мадрид.

„Во Челси, јас ја освоив титулата од Премиер лигата во првата сезона и ФА купот во втората сезона. Клоп немаше освоено ништо во Англија по четири години, додека Гвардиола не освои трофеј во првата година. Мислам дека морам тоа да го посочам“, вели Конте.

Неговите Интер се борат за прва титула од 2010 година, и заостануваат шест поени зад Јувентус пред вечерниот меч против Удинезе.

Scroll to Top