Top Sport

Конте казнет со осум илјади фунти

Менаџерот на Челси Антонио Конте, доби парична казна од осум илјади фунти, поради исклучувањето на натпреварот со Свонси.

Италијанецот незадоволен од една одлука на судијата Нил Сворбик бурно реагираше, поради што судијата го исклучи од натпреварот. Остатокот од натпреварот Конте го следеше од трибините.

По натпреварот Конте се извини, межѓутоа Фудбалската асоцијација на Англија реши да го казни.

Челси по 15 кол во Премиер лигата има 32 бода и се наоѓа на третата позиција. Викдендов „сините“ на Конте ќе играат против Вест Хем.

Scroll to Top