Top Sport

Конте ќе тужи весник за веста дека се распрашувал кога Јувентус ќе го отпуштат Сари

Тренерот на Интер, Антонио Конте најави дека ќе го тужи италијанскиот весник „Ла република“ за шпекулациите дека тој постојано е во контакт со луѓето во Јувентус прашувајќи за можно враќање во клубот од Торино.

Според „Ла република“, тренерот на Интер постојано прашувал за тоа кога ќе биде отпуштен Маурицио Сари.

„Околу написот на веб-сајтот на ’Ла република’, категорично демантирам дека сум зборувал со директорите и играчите на Јувентус прашувајќи кога ќе го отпуштат Сари. Ќе го тужам човекот кој го напишал тоа и уредникот на весникот. Се посветив на тригодишен проект со Интер и како и секогаш ќе работам напорно и ќе се борам за мојот клуб да има успешен проект“, вели Конте во изјава за новинската агенција „АНСА“.

Scroll to Top