Антонио Конте, конечно, ги загуби нервите и го доби првото исклучување во Премиер лигата, во дуелот од 14. коло против Свонси.
Конте не можеше да се помири со една одлука на судијата, кога „Сините“ не го добија корнерот кој го „заслужуваа“, па реши да влезе во остар напад на судијата Нил Сворбрик, а расправијата продолжи и откако го најде местото на трибините.
За среќа, Ридигер „спаси“ 1:0 победа во второто полувреме, инаку бесот на Италијанецот ќе беше уште поголем. По мечот, Конте беше запрашан кога последен пат бил исклучен.
„Мислам дека тоа беше пред пет години со Јувентус. Се сеќавам дека беше меч против Џенова“, изјави Конте.