Антонио Конте го пофали Ромелу Лукаку по уште една добра партија на Белгиецот во четврт-финалната 2:1 победа во Лига Европа над Баер Леверкузен, но посочи дека неговиот успех доаѓа поради неговите соиграчи.
Белгиецот го постигна победничкиот гол во понеделникот, откако Николо Барела по неговиот неуспешен удар го отвори резултатот, пред Лукаку да зголеми на 2:0, но беше интересно до крајот откако Каи Хаверц намали на 2:1. Лукаку беше блиску до хет-трик, но судијата Карлос дел Серо Гранде прво досуди два пенали, но потоа ги поништи по консултацијата со ВАР.
Лукаку стана првиот фудбалер кој постигнал голови во девет мечеви во низа во Лига Европа.
„Тешко е да се зборува за индивидуалните постигнувања кога имате големо тимско шоу. Ромелу има фантастична сезона, но поддржан е од целиот тим кој го поставува него во позиција да постигнува голови. Среќен сум за него, бидејќи го заслужува својот успех, но Ромелу треба да мисли и на тимот кој му дозволи да игра во најдобрата форма во кариерата“, вели Конте.
ЛЕ: Интер е прв полуфиналист, „фармацевтите“ не го најдоа лекот за Лукаку