Top Sport

Конте мораше да ги правда замените во финишот на мечот

Италијанските новинари го примораа тренерот на Интер, Антонио Конте да ја брани одлуката да ги повлече од игра Лаутаро Мартинез, Артуро Видал и Ашраф Хакими во финишот на мечот со Рома, по што примија гол за 2:2 реми на „Олимпико“.

Интер водеа со 2:1 пред Мартинез да излезе во 77. минута и да биде заменет со Иван Перишиќ. Пет минути подоцна, Роберто Гаљардини и Александар Коларов ги заменија Видал и Хакими, пред Рома во 86. минута да израмни преку Џанлука Манчини.

„Видал доби удар и побара да биде заменет. Лаутаро беше потрошен по 75 минути и тоа се забележуваше. Хакими даде многу во мечот и овие фудбалери имаат одиграно многу мечеви во последно време. Имаме доволно голем тим за да се направи замена. Видал беше добар исто така, имаше спор старт, но потоа го крена интензитетот. Позитивни беа сите. Мислам дека игравме добро, а да не заборавиме дека Рома се бори за истото како и ние и е само на три поени од нас. Тие беа силен тим, а ние не ја искористивме шансата да го решиме мечот и им дозволивме да се вратат, што беше штета. Често примаме голови бидејќи играме со пресинг и оставаме простор за противникот. Така се даваат голови, но и се примаат кога се прават грешки“, вели Конте.

Рома не дозволи победа на Интер на „Олимпико“

Scroll to Top