Top Sport

Конте до Мурињо: Доста зборуваш за Челси!

Менаџерот на Челси, Антонио Конте му порача на Жозе Мурињо повеќе да не зборува за Челси, откако шефот на Манчестер јунајтед изјави дека италијанскиот тренер „плаче“ за ситуацијата со повреди кај „сините“.

Мурињо по 1:0 победата на гости кај Бенфика не именуваше никого, но јасно посочи дека мисли на неговиот поранешен клуб Челси и Конте, неговиот заменик како менаџер на тимот, велејќи дека другите менаџери „плачат, плачат и плачат“ околу повредите. Конте по одличното 3:3 против Рома беше запрашан за коментарот.

„Многу пати Мурињо сака да гледа што се случува во Челси. И минатата сезона. Нека си го гледа својот тим и нека сопре. Нека се погледне самиот, а не другите“, изјави Конте.

Челси играат без повредените Н’Голо Канте, Виктор Мозес и најновото засилување Дени Дринквотер. Покрај тоа, Тиемуе Бакајоко има проблем со бутниот мускул, а капитенот Гери Кејхил мечот со Рома го заврши со повреда на главата.

Scroll to Top