Top Sport

Конте на кризен состанок во Тотенхем, инсистира дека ги критикувал само играчите

Тотенхем и Антонио Конте имале „кризен“ состанок по неговот експлозивно интервју откако Спарс пропуштија 3:1 водство за 3:3 реми кај Саутемптон, на кој италијанскиот тренер инсистирал дека сите критики биле насочени кон играчите, а не кон бордот на клубот откако дел од навивачите сметаа дека тој веќе не може да остане менаџер на тимот, јавува „Дејли мејл“.

Конте во неверојатното интервју ги критикуваше фудбалерите дека им недостасувала желба за игр и за докажувње, но исто така посочи дека тимот не освоил ништо поради таквиот ств во соблекувалната. Според англиските медиуми, претседателот на клубот, Даниел Леви ја прифатил неговата верзија на настаните и засега нема шанси да му даде отказ на менаџерот.

Следниот меч на Тотенхем е на 3 април поради интернационалната пауза, така што Леви и бордот на клубот нема да брзаат со одлукат за иднината. Сите во клубот добија неколку дена одмор, и се верува дека Конте ќе се врати кај своето семејство, кое живее во Торино.

Scroll to Top