Тотенхем се заинтересирани за двојката на Евертон, Ришарлисон и Ентони Гордон, јавува „Скај спортс“, кои најавуваат дека во следните неколку дена ќе дадат понуди за двајата фудбалери.
Бразилскиот напаѓач Ришарлисон е на „радарот“ на Спарс уште од времето кога беше фубалер на Вотфорд и би можел да биде долгорочна замена за Хери Кејн. Ришарлисон има 152 настапи за Евертон, во кои постигна 53 гола и стана миленик на навивачите на „карамелите“. Младото крило Гордон, пак, е инвестиција за иднината на Тотенхем.
Евертон, од друга страна, се заинтересирани за Хери Винкс, но Антонио Конте не сака да се откаже од англискиот фудбалер. Тотенхем досега ги донесе Иван Перишиќ, Фрејзер Форстер и Ив Бисума, откако управата на клубот му даде „одврзани раце“ на италијанскиот стратег во летиот предоен рок.