Top Sport

Конте на состанок со шефовите на Тотенхем – бара 150 милиони фунти за засилувања

Антонио Конте е во Италија на состанок со техничкиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи на клучен состанок на кој ќе се утврдува трансфер-стратегијата во текот на летото, со шпекулации дека бара 150 милиони фунти за засилувања.

Се верува дека не постои опасност Конте да замине ненадејно во текот на летото откако Тотенхем се пласираше во Лигата на шампионите и дека ќе ја има поддршката на клубот во одлуките на фудбалскиот пазар.

Според „Дејли мејл“, прва цел на тренерот е Алесандро Бастони од Интер за засилување на одбраната, но тука се Пау Торес од Вилјареал и Јошко Гвардиол од Ред бул Лајпциг. Конте е заинтересиран и за уште еден свој поранешен играч, Иван Перишиќ, бекот на Мидлзборо Џед Спенс, како и Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Scroll to Top