Вчера, во уште еден драматичен меч за Тотенхем, Спарс стигна до 3:2 победа над Борнмут враќајќи се од 2:0 негатива со голот на Родриго Бентанкур, но во малку невообичаена ситуација, менаџерот Антонио Конте, наместо да слави, се упати во соблекувалната.
Италијанецот објаснува дека сакал да се поштеди од нова драма и „срцев удар“, откако во средата во меч од Лигата на шампиони против Спортинг Лисбон им беше поништен победничкиот гол на Хери Кејн по ВАР-интервенција, а самиот тренер доби црвен картон.
„Се вратив на теренот кога дознав дека голот е регуларен. Во мојот ум и моето срце чувствувв дека можам да добијам срцев напад ако во два дена дадеме гол во финишот и ни го поништат. Затоа си кажав дека е подобро да се симнам и да останам смирен и да ја чекам одлуката на судиите. Реакцијата на моите играчи беше одлична и сакам да играат така“, вели Конте.