Top Sport

Конте: Нема конфликт со Лаутаро, нормално е да се лути

Тренерот на Интер, Антонио Конте вели дека не постои конфликт со неговиот аргентински напаѓач Лаутаро Мартинез, откако тој јавно ја покажа лутината откако беше заменет при 0:2 триумфот кај Џенова во саботата.

Ромелу Лукаку и Данило Д’Амброзио го решија победникот на мечот, но главна тема во Италија беше однесувањето на Лаутаро, кој откако беше заменет од Андреа Пинамонти со боксови удираше во своето седиште на клупата. Конте вели дека фрустрацијата е нормална и дека доаѓа од тоа што Лаутаро е гладен по голови.

„Ми кажаа дека Лаутаро го удрил своето седиште кога беше заменет, но сигурен сум дека не е лут на мене, бидејќи имаме фантастични односи. Можеби нешто се случило на теренот со соиграчите, бидејќи сите сакаат да го дадат максимумот и сакаат да даваат голови. Напаѓач живее за голови, но важно е да се игра тимски“, вели Конте.

Scroll to Top