Менаџерот на Челси, Антонио Конте ги оцени коментарите на Гери Невил и Џејми Реднап како глупави поради критиката за „негативниот“ приод на мечот со Манчестер сити.
Невил, легендата на Манчестер јунајтед, го оцени приодот на неделниот натпревар од Премиер лигата на Конте како „засрамувачки“ додека Реднап, легендата на Ливерпул, вели дека дефанзивниот пристап бил „криминал против фудбалот“ и тотален „анти-фудбал“.
Челси не упати ниту еден удар на голот на Сити при 1:0 поразот, и имаше само 29 отсто од поседот на топката, но Конте ги нарече коментаторите на „Скај“ глупави бидејќи немаат тактичко знаење на фудбалот.
„Не сум толку глупав да играм отворено против Манчестер сити и да загубам 3:0 или 4:0. Ако добро се сеќавам, пред три дена, Арсенал двапати играше против Сити и тогаш го критикуваа Арсен Венгер бидејќи прими три гола за 30 минути. Треба да ја користат главата кога коментираат за фудбалска тактика, бидејќи треба да имаат познавање за тоа, а не само да бидат глупави“, вели Конте.
Фото: ЕПА
? Jamie Redknapp suggested Chelsea’s tactics were “a crime against football”.
Antonio Conte’s response: “I think that you must have knowledge to speak about tactics and not only to speak in a stupid way.” #mcfc #cfc pic.twitter.com/imnicj4YAb— Liam Blackburn (@liamblackburn) March 4, 2018