Top Sport

Конте: Ни требаат три големи ѕвезди за да му парираме на Сити

Менаџерот на Челси Антонио Конте изјавил дека на неговиот тим му се потребни три врвни засилувања за да може наредната сезона да му парира на Манчестер Сити.

Челси по 25 кола во Премиер лигата се наоѓа на четвртото место на табелата со 50 бода, 19 помалку од Манчестер Сити.

Италијанецот во изминатиот период неколку пати јавно го искажа незадоволстворо од клупската трансфер политика. Според него клубот во летниот преоден рок испуштил неколку врвни играчи поради што во овој момент борбата за место во Лигата на шампионите е единствената реална цел.

„Максимум што можеме да направиме оваа сезона е да се пласираме во Лигата на шампионите. Во иднина мора да донесеме тројца врвни фудбалери за да ја освоиме титулата. Во летниот преоден рок одевме на квантитет, поради што донесовме осум играчи за кои плативме помалку од тимовите кои купија двајца или тројца“, изјавил Конте за „Скај Спорт“.

Scroll to Top