Преговорите на Тотенхем и Антонио Конте завршиле со неуспех бидејќи претседателот на клубот, Даниел Леви ги одбил „нереалните и штетни“ финансиски барања на италијанскиот тренер, тврди „Сан“.
Преговорите со поранешниот тренер на Јувентус, Челси и Интер, се засилија минатата недела, но првично беше јавено дека Конте не бил убеден од амбициите на клубот од северен Лондон. Но, сега, според „Сан“, Леви едноставно не можел да ги прифати неговите барања – 15 милиони фунти годишна плата и 100 милиони фунти за трансфери ова лето, со што би го увериле дека сакаат сериозно да одат на титули.
Тотенхем уште финансиски не е опоравен од изградбата на супер-модерниот стадион од 1 милијарда фунти, и клубот повеќе пати оваа година земаше банкарски заеми за да опстане. Во Тотенхем сметаат дека е можно да се извлече максимум од фудбалерите од академијата и сегашниот состав, а откако не успеаја да го вратат Маурисио Почетино од ПСЖ, главни фаворити за местото се белгискиот селектор Роберто Мартинез и тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.